„Прошетка низ Сончев систем” – Астрономски час за деца – ММС
ММС

Објавено на: 05/29/21 6:52 AM

„Прошетка низ Сончев систем” – Астрономски час за деца

Платформата за едукација на деца и млади „Училница” денеска организира бесплатна, еднодневна работилница по астрономија за деца. Работилницата ќе се одржи пред просториите на „Училница” на платото позади Соборниот храм во Скопје.

– На часот ќе ги намалиме небеските тела за 10 милијарди пати и ќе се прошетаме низ Сончевиот систем. Целта на оваа вежба е преку игра децата полесно да ги разберат планетите, нивната големина и раздалеченост. На работилницата ќе гледаме низ вистински телескоп и ќе го набљудуваме Сонцето. По часот секој дома ќе си оди со малечка макета од омилената планета, велат од „Училница”.

Оваа работилница е вовед во целосната училница за астрономија, чија што програма можете да ја погледнете на следниов линк.

 

МИА