Фантастичен и едноставен чизкејк во чаша.
Состојки:
– 125 гр сирење маскарпоне
– 150 гр јагоди
– 4 тврди бисквити
– 1 лимон
– 1 лажица шеќер
– 1 лажица шеќер во прав
– 1 лажица путер
Подготовка:
Во тенџере загрејте ги исчистените јагоди, шеќер и една лажица сок од лимон. Мешајте додека шеќерот не се стопи и јагодите да омекнат, три до четири минути.
Измелете ги бисквитите и измешајте ги со стопениот путер.
Распоредете ја добиената смеса во две чаши и притиснете ја на дното.
Нежно измешајте го маскарпонето, преостанатиот сок од лимон и шеќерот во прав.
Ставете ја смесата со сирење над бисквитите и над неа сосот од јагоди.
Послужете веднаш.
Извор:rs.n1info.com