СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против И.С.(39) од Скопје и против М.Н.(67) од Скопје за сторено кривично дело ,,комар” од чл.398 ст.1 од КЗ, информираат од МВР.
Првопријавениот на 28.04.2021 година, неовластено организирал играње комар во просторија- стан лоциран на ул.Костурски Херои во општина Центар, кој му бил ставен на располагање од страна на второпријавената М.Н., при што, при превземено истражно дејствие претрес на дом од страна на полициски службеници во Единицата за економски криминал затекнати се 11 лица како играат комар, кои што воедно постапувале и спротивно на пропишаните мерки и протоколи за заштита од Ковид 19, каде што е изрично забрането групирање на повеќе од четири лица во затворен простор и објект, за што исто така следува соодветен поднесок.