СВР Охрид информира дека ноќеска во 00.36 часот било пријавено дека настанал пожар во три патнички моторни возила во подрумски простории од зграда на улицата „Ново Проектирана“ во Охрид.
-Според пријавеното, станарите биле евакуирани, а шест од нив и еден пожарникар поради задушување од чад, се пренесени во Медицински центар Охрид за укажување лекарска помош. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, соопшти охридската полиција.