Таткото на ѕвездата од „Пријатели“, Мет Лебланк, Пол открил дека неговиот син не сака да разговара со него веќе девет години.
Пол тврди дека се скарале за пари и мотор. За да остане поврзан со синот гледа репризи од серијата бидејќи тврди дека неговиот син не сака да се јавува на телефон кога тој го бара ниту пак му одговра на пораките кои му ги праќа.
– Веќе девет години немаме никаков контакт и тешко е да се верува дека тоа се случи, се пожалил таткото на Мет на британските медиуми.
– Не можам повеќе да влезам во својата куќа поради пари и мотор. Стар човек сум и живеам од социјална помош. Да не штедев цел живот не би имал од што да живеам, открил тој.
На прашањето за неговиот татко, потпаролот на Мет изјавил дека ситуацијата е сложена бидејќи Пол ги напуштил уште кога актерот бил бебе.
И Пол сподели шокантна тајна дека неговиот син само еднаш во животот му испратил честитка за роденден
– Постојано му испраќам пораки, а кога му се јавил, го игнорирал, рекол тој и додал дека Мет отсекогаш бил мамин син и често се расправле околу тоа.
Извор и фото: Еспресо.рс