Поднесено барање за собирање потписи за организирање на локален референдум во Кочани – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/21 12:29 PM

Поднесено барање за собирање потписи за организирање на локален референдум во Кочани

До Државната изборна комисија (ДИК) Здружението Грин-орг од Кочани поднесе барање за собирање на потписи за организирање на локален референдум притив изградбата на мини хирдоцентрала на Мала река. Со барањето, граѓаните сакаат да започнат со собирање на потписи, што ќе води кон организирање на референдум за изградбата на мини хидроцентралата, на чија изграсдба се противат  веќе неколку месеци.

-Со преземените дејствија сметаме дека е нанесена штета на граѓаните на Кочани, поради што сакаме да организираме граѓанска иницијатива за одржување на референдум, на кој граѓаните ќе моѓат да се изјаснат дали се за или против изградбата на ваква мини хидроцентрала за производство на електрична енергија, стои во барањето до ДИК.

Граѓаните се повикуваат на законски одредби за учество на граѓаните во донесување на одлукии покренување на иницијатива до Советот на општината.

“НЕ” за изградба на мала хидроцентрала на Мала река е повикот што повеќе граѓански здруженија се обединети околу идејата да се стопира изградбата на централата, чиј иннеститор ги има собрано сите неопходни документи.