(Видео) Групата Ареа со нова песна: „Отсекогаш“ доби и свој видео запис – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/21 8:57 AM

(Видео) Групата Ареа со нова песна: „Отсекогаш“ доби и свој видео запис

Со новата песна насловена „Отсекогаш“ групата Ареа донесе вистинско освежување на македонската музичка сцена. Музичката група го претстави својот најнов сингл денеска, а за него сними и видео спот под режисерската палка на Даниел Јовески.

-Снимањето се одвиваше на повеќе локации а најголемиот дел од кадрите се снимија во Маврово во црквата Св. Никола Летен – соопштија од Ареа.

Инаку, како актери во видеото се појавуваат Мариа Стојаноска и Илија Трале Левески.