Тоа се дами со цврста рака – „Марили“ ги одбра најуспешни жени менаџерки – ММС
ММС

Објавено на: 05/28/21 9:27 AM

Тоа се дами со цврста рака – „Марили“ ги одбра најуспешни жени менаџерки

„Марели“ вчера одбележа јубилеј од 25. години  успешно раководење во бизнис секторот. На „Изборот за најуспешни менаџерки“ беа наградени 25 бизнис жени кои допринеле со својата работа во опшеството, и четри други жени кои се вистински професионалци во својата работа.

На манифестацијата  присуствуваше и миnистерката Јагода Шахпанска која изјави дека жена лидер е навистина голем предизвик и дека на предизвиците треба да се гледа во очи и кога е најтешко.

-Да се биде жена лидер е навистина предизвик, потребна е желба и двојно поголем напор од мажите за да се постигне целта. На пречките и на проблемите треба да им се погледне во очи и кога сите ве убедуваат дека е тешко, треба да се биде упорен и да се продолжи понатаму. И токму тоа го гледам во оваа сала. Гледам храбри и силни жени чиј успех не бил лесен, гледам жени кои се соочувале со предизвици, но се доволно храбри да сонуваат и се доволно упорни да го остварат својот сон, порача Шахпаска и додаде:

-Сонувајте, бидете визионери, бидете упорни, и работете на остварување на вашиот сон. Низ личен пример воспоставете ја родовата еднаквост во бизнисите кои вие ги водите. Само на тој начин ќе постигнеме целосна родова еднаквост, рече министерската.

Манифестацијата оваа година „Марили“ им ја посветува на 25 жени менаџери што биле дел од досегашните избори во изминатиот четврт век, а овој пат ќе бидат наградени за нивното континуирано успешно менаџирање, но и успешно справување во услови на ковид-криза.

Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата. Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.

Менаџерките што беа наградени се  Валентина Тасева, генерален менаџер на „Семос Едукација“,  М-р Мирјана Паунова, генерален менаџер на „Минако“- Скопје,  Д-р Жанина Петрова-Грајиќ, сопственик и менаџер на ПЗУ Центар за очи „Визиа“, Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН Македонија,  Виолета Поп Василева, претседател на Одбор на директори на „Нов Осигурителен Брокер“,  Верица Милеска Стефановска, генерален менаџер на МДН Обезбедување,  Елена Младеновска-Јеленковиќ, директор на М6 Едукативен центар и менаџер за корпоративни комуникации на М6,  Анета Антова Пешева, генерален менаџер на „Ултра-Унет“ групација на компании,  М-р Мара Акимовска, менаџер за продажба и маркетинг во „Европа Лек Фарма“ (El Pharma) , Маја Андреевска, менаџер и продуцент во „Мунлајт продукција“ – Скопје, Искра Спироска Ивановска, генерален менаџер на „Тим Консалтинг“ , Вал Јусуфи, извршен менаџер на ЛЕОРОН ГРУП – Дубаи,  Менаџерски тим на „Кромберг и Шуберт Македонија“,  Васка Мојсовска, генерален менаџер на „Агро Калем“ Тимјаник и претседател на Национална федерација на фармери,  Весна Мицева-Тодоровска, генерален менаџер на Конгресен сервисен центар,  Д-р Елена Василевска-Ѓеоргиева, специјалист по ортодонција, член на Управeн одбор на Поликлиника „Дента ЕС“ – Скопје,  Билјана Караманолевска, генерален менаџер на детски градинки „Светот на Колорес“- Скопје,  Д-р Горица Дачевска, специјалист по дерматовенерологија, генерален менаџер на ПЗУ „Др.Горица“, Пенка Мукаетова, основач и генерален менаџер на „Консалтинг Интер Груп“ – Скопје,  М-р Лидија Таскова Попова, генерален менаџер на ЕСП – Развој и управување на човечки ресурси,  М-р Магдалена Трајковска Трпевска, основач и генерален менаџер на „Технолаб“,  Даниела Адемоска, сопственик и извршен директор на „Double Tree by Hilton“ Skopje,  Јасна Ажиевска Петрушева, член на Одбор на директори на Мермерен Комбинат АД Прилеп, административен извршен директор,  М-р Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions,  Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“,

На „Изборот за најуспешни жени менаџерки“покрај овие 25 менаџерки,  наградени беа  четири жени од други области кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност и се вистински бренд во нашата држава, но и надвор од неа.

Со тоа „Марили“ покажува посветеност кон успесите на жената во општеството, која како личен пример остава траен белег и е поттик за младите генерации. Тоа се  Сава Димитрова, поранешен генерален менаџер на „Европа“ АД Скопје, актуелен претседател на Надзорен одбор на Комерцијална банка АД Скопје,  Весна Ѓиновска-Илкова, оперска певица, сопран, првенец солист во Национална опера и балет и Дита Старова-Ќерими, директор на Национална галерија на Република Северна Македонија,  Ели Танасковска, уредник и водител на Национална телевизија

(В.П.)

ФОТО: Ванѓел  Тануровски