Натпреварот Македонија-Словенија ќе се одигра со 30 проценти присуство на публика на Градскиот стадион – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/21 10:36 PM

Натпреварот Македонија-Словенија ќе се одигра со 30 проценти присуство на публика на Градскиот стадион

Владата на Република Северна Македонија вечерва, преку видеоконференциска интернет врска ја одржа редовната 73-та седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

Во знак на поддршка на Македонската фудбалска репрезентација, која за прв пат се пласираше на Европското првенство и која на 1 јуни ќе одржи подготвителен пријателски натпревар, членовите на Владата, на седницата донесоа Одлука за исклучок од постоечката забрана за одржување на спортски натпревари, односно подготвителниот натпревар со Словенија кој треба да се одржи на 1 јуни на Градскиот стадион во Скопје да се одигра во присуство на 30 проценти исполнетост со публика од капацитетот на трибините. За дополнителни олеснувања за другите натпревари ќе се разговара на следната седница на Влада.