СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни, со долгот се управува одговорно – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 2:10 PM

СДСМ: Граѓаните да бидат спокојни, со долгот се управува одговорно

По денешната прес конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Аровски, СДСМ се огласи со соопштение во кое наведува дека Владата наследила обврски од 2 милијарди 114 милиони евра кои треба да се вратат до 2020 година. Од партијата информираат дека средствата што се позајмуваат на денешната аукција се за враќање на долг во истата недела.

Токму поради криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше брзорастечки и неодржлив. Од 2008 година тој рапидно растеше, за да во 2016 година истиот се дуплира. (Од 23% на 48% во 2016). Не е точно тврдењето дека долгот се зголемил за 32 милиони евра. Позајмените средства на денешната аукција се за враќање на долг во истата недела и нето задолжувањето не е 32 милиони како што лажно тврди ВМРО-ДПМНЕ. Оние кои го дуплирале долгот и создале огромни обврски кои сега се враќаат, се трудат да ја излажат јавноста. Сега, кога долгот е ставен под контрола и со него се управува одговорно. Македонија оди напред, политиките во економијата носат придобивки за граѓаните, стопанствениците и државата и ставаат крај на енормното трошење на државните пари – се вели во партиското соопштение.

Граѓаните да бидат спокојни, со домаќинско и одговорно управување со јавните финансии Владата предводена од СДСМ создава услови за враќање на долговите и обезбедување финансиска стабилност, раст и развој –  додаваат од партијата.