Повторно безправно градење во охридскиот регион, соопштуваат од полицијата.
-СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Б.(57) и В.Б.(58), двајцата од охридското село Велестово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“. Пријавените, во текот на 2021 година на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект. По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата по што продолжиле со градежните активности, соопштуваат од СВР