Се се менува, само Унај Емери останува во финалето на Лига Европа. Заработи отказ од Арсенал, па му освети со тоа што го елиминираше во полуфиналето на ова натпреварување и со тоа што му донесе прво европско финале на Вилјареал.
Емери за првпат дојде во финалето на Лига Европа со Севилја во 2014 година. Тогаш после победата над градскиот ривал Бетис и над Порто, ја помина Валенсија и во финалето беше подобар од Бенфика.
Следната година го одбрани трофејот со Севилја, но патот беше потежок и водеше преку Борусија Менхенгладбнах, Вилјареал и Зенит до Фиорентина во полуфииналето. Во финалето лесно му беше против Днепар.
Следната година третпат по ред го освои натпреварувањето, а во финалето беше подобар од Ливерпул со Јирген Клоп на челото.
Се чекаше неколку години пред да го однесе Арсенал во финалето пред две години, но на крајот Челзи на Маурицио Сари беше подобар и Емери доби отказ.
Сега покажа дека е подобар тренер и од Оле Гунар Солскјер и неговиот Манчестер Јунајтед и стигна до четвртиот трофеј во ова натпреварување.
Извор : Mondo.rs
фото: thetopflight.com