Упасн дилер во Гостивар, пронајдени 17 пакувања со кокаин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Утринава во 00.20 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода К.М.(31) и И.М.(32), двајцата од Гостивар. При претрес во нивниот дом во Гостивар, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле 17 пакувања со бела прашкаста материја.Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштуваат од полицијата.