Не мора да се замине од државата, успешни може да бидете и тука – „Марили“ ги избира најдобрите жени – менаџерки – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/21 1:53 PM

Не мора да се замине од државата, успешни може да бидете и тука – „Марили“ ги избира најдобрите жени – менаџерки

Марили слави 25 години од своето постоење. Ова здружение може да се пофали со успешно ракводење во бизнис секотрот на многу проекти, но и хумани цели. Марили е големо семејство од 250 жени бизнисменки кои успешно и цврсто се соочуваат со сите предизвици.

И во време на пандемија жените бизнисменки неуморно работеа на прокети, но и помагаа онаму каде што е најпотребно. Предизвикот со пандемијата уште повеќе ги сплоти и ги обедини жените во нивните цели и идни планови во бизнис секорот.

Манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“ оваа година „Марили“ им ја посветува на 25 жени менаџери што биле дел од досегашните избори во изминатиот четврт век, а овој пат ќе бидат наградени за нивното континуирано успешно менаџирање, но и успешно справување во услови на ковид-криза. Изборот и доделувањето на наградите ќе се одржи вечерва во еден скопски хотел.

На манифестацијата ќе се доделат мермерни статуетки на „Жена водилка“ чии дело се ба академскиот вајар Никола Смилков.

Избрани се претставнички на приватниот бизнис од различни области и дејности од целата држава од мали, средни, но и од големи компании, се со цел да се покаже дека жената менаџер е присутна во сите дејности и на сите нивоа и дека е длабоко втемелена во економскиот развој на државата.

Најголем дел од овие компании во оваа и минатата година издвојуваа средства и ресурси за помош на здравствени установи и социјално загрозени граѓани, со што дадоа свој придонес за полесно надминување на последиците од пандемијата.

На прославата на Марили покрај успешните 25 менаџерки, ќе бидат наградени уште четири жени од други области кои се успешни и докажани професионалци во својата дејност и се вистински бренд во нашата држава, но и надвор од неа.

Со тоа „Марили“ покажува посветеност кон успесите на жената во општеството.

Исто така ова здружение сака да ги поттикне и да ги охрабри младите дека не мора да ја напуштаат државата за да станат успешни, со многу труд, успехот може да се направи и дома.

„Избор на најуспешни жени менаџери“ ќе се одржи вечерва во хотелот „Хилтон“ специјални гости на манифестацијата ќе бидат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална поллиитика, Јагода Шахпаска.