Барди е позитивен, но е добар и нема симптоми – Македонскиот фудбалер во изолација пред Еуро2020 – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/21 8:28 AM

Барди е позитивен, но е добар и нема симптоми – Македонскиот фудбалер во изолација пред Еуро2020

„Енис Барди е без симптоми и се чувствува добро. Ние како лекарски тим постојано ја следиме неговата здравствена состојба. Пред извесно време имал контакт со дел од играчите на Леванте кои исто така имаат позитивен тест на Ковид-19„ рече Александар Савевски, член на лекарскиот тим во македонската фудбалска репрезентација.

Репрезентативецот Енис Барди е позитивен на Ковид-19 и се наоѓа во изолација во тимската база на А-селекцијата која се подготвува за својот прв настап на Европскотп фудбалско првенство. Нашиот клучен фудбалер од средниот ред на теренот нема симптоми и е во добра здравствена состојба.

Фудбалерот на шпански Леванте при доаѓање на собирот на А репрезентацијата ги почитувал мерките и здравствените протоколи за заштита од Ковид-19, како и сите останати фудбалери и членови на репрезентацијата и немал контакт со тимските колеги и лицата од стручниот штаб.

– Важно е да се напомене дека пред почетокот на собирот на репрезентацијата беа почитувани и запазени сите протоколи согласно УЕФА здравствените регулативи се со цел да се избегне контакт со останатите фудбалери и членови на репрезентацијата. Останува да се следи состојбата и да веруваме дека ќе помине без промена на клиничката слика, изјави Александар Савевски.

О.К.

фото: ФФМ