Од следната година ќе се гради обиколница за Тетово – ММС
ММС

Објавено на: 05/27/21 8:10 AM

Од следната година ќе се гради обиколница за Тетово

Вкупно 700  милиони денари за рехабалитација на регионални патишта се веќе одвоени, се пофали директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми. Во моментов се изведуваат градежни активности на патот Тетово – Брвеница, а во план е и изградба на обиколница за Тетово, чии градежни активности, според Рустеми, ќе започнат наредната година.

Се работи за обиколница од клучката Требош до Непроштено, за која е отворена постапка за избор на проектант.

-Годинава ќе се избере проектант, а наредна година очекуваме да започнат градежни активности за изградба на обиколницата, рече Рустеми

Тој најави рехабилитација на првите 4 километри на еден од најфрекфрентните патишта во полошко Тетово – Јажинце.

„Ако се рехабилитира почетокот на оваа делница ќе се извадат и таканаречените легнати полицајци за кои возачите постојано реагираат, а мештаните од околните села кои сами ги поставиле не дозволуваат да се остранат, затоа што како што велат тие се единствениот начин да се обезбеди минимална сигурност на оваа сообраќајница. Дали ќе се постават нови, или пак ќе има друго сообраќајно решение, но овој пат во рамки на законот“, додаде Рустеми.

Ќе се работи на посебен проект за безбедност на овој патен правец, каде ќе се врши рехабилитацијата, таму експертите ќе одлучат какви сообраќајни решенија се потребни за овој патен правец, рече директорот.

За таканаречените легнати полицајци имаше неколку неуспешни обиди на надлежните да ги остранат, но по негодувањето и протестите на жителите механизацијата беше повлечена, а во меѓувреме беа поставени уште неколку грпки односно таканаречени легнати полицајци на оваа делница.

Зоран Димовски