Неодамна беше објавена првата најава за долгоочекуваниот собир на познатите „Пријатели“.
Сепак, однесувањето на Метју Пери, кој го играше Чендлер во серијата, привлече внимание кај многумина. За време на интервјуто за американскиот магазин, актерот зборуваше нејасно и често се загледувал во празно.
Бидејќи е познато дека актерот се борел со зависност, многу обожаватели беа загрижени за него, но британскиот портал открива дека Пери бил на забар пред интервјуто и дека чувствувал болка.
„Членовите на неговиот тим рекле дека тој ден бил на итен преглед на забар. Имал болки и тоа влијаело на неговото однесување, и затоа зборувал нејасно. Никој не сака да даде интервју по забар, но се случува “, рече изворот.
Да потсетиме, актерот имаше проблеми со алкохол и дрога. Еднаш тој за странските медиуми изјавил дека делумно не се сеќава на снимањето на Пријатели.
“Не се сеќавам на три години. Таму некаде помеѓу третата и шестата сезона. Бев малку надвор од тоа”, рече тој.
Извор: Курир.рс/Фото: Профимедиа