Великотрновскиот универзитет отвори филијала на МСУ „Гаврило Романович Державин“ – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 5:27 PM

Великотрновскиот универзитет отвори филијала на МСУ „Гаврило Романович Державин“

Денес на Меѓународниот Славјански универзитет –  Гаврило Романович Державин во 13 часот  се одржа прес конференција на која земаа учество директорот на МСУ  професор д-р Јордан Ѓорчев и ректорот на Великотрновскиот универзитет  професор д-р Христо Бонџолов .

Повод за прес конференцијата е објавата во Службен весник на РСМ за отворање на филијала на Великотрновскиот универзитет со три магистерски програми.

– Програмите ќе бидат на англиски јазик и за оваа година се предвидени да бидат запишани 20 магистранти на секоја од програмите, истакна д-р Ѓорчев.

Инаку , МСУ има три партнерски унуверзитети. Тамбовскиот , од градот Тамбов , Русија, со кој соработува од самиот почеток, потоа Љубљанскиот Универзитет, а посебно Економскиот факултет  и Великотрновскиот со кој соработката трае веќе осум години.

– Со ова се институционализира нашата соработка на повисоко ниво,а иднината на нашите универзитети е во здружувањето и окрупнувањето, во европските универзитетски конзорциуми , во кои веќе учествува Великотрновскиот универзитет, додаде професор д-р Бонџолов.

 

Д.Г