Скопјанец со огнено оружје го убил кучето на соседот од Прилеп и го фрлил – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 4:11 PM

Скопјанец со огнено оружје го убил кучето на соседот од Прилеп и го фрлил

На 24-ти овој месец околу 21.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ф.В.(47) од с.Крушејца, прилепско, пријавил дека неговиот сосед П.Т.(61) од Скопје, кој престојувал во с.Крушејца, со огнено оружје го усмртил неговото куче, по што го фрлил на непозната локација во атарот на селото, известуваат од МВР.

По извршениот увид биле пронајдени две чаури, а во разговор со полициски службеници П.Т. изјавил дека со два истрела го усмртил кучето на Ф.В. а потоа го фрлил надвор од населено место.

Тој го предал користеното огнено оружје, автоматска пушка марка „Застава М 72“, кое го поседувал без дозвола. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.