(Видео) „Големиот Македонец“ – Италијанците го слават Пандев – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 6:00 PM

(Видео) „Големиот Македонец“ – Италијанците го слават Пандев

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев и на 37-годишна возраст е вистински миленик на публиката во Италија каде и да игра.

Во неговата спектакуларна кариера Пандев го носеше дресот на Лацио, Интер, Наполи и се уште на Џенова во која стигна до 100-от гол во Серија со што стана единствениот фудбалер од Балканот кој стигнал до овој рекорд.

По тој повод Италијанците направија видео за Гранде Пандев кој следниот месец ќе си го оствари детскиот сон – да настапи на Европско првенство во дресот на својата Македонија.