Во штипската населба Пребег се уредува мал групен дом – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 1:30 PM

Во штипската населба Пребег се уредува мал групен дом

Со полна пареа се подготвува просторот во штипската населба Пребег каде ќе се отвори  малиот групен дом, информираат од Општина Штип.

Наведоа дека просториите се веќе обелени, исчистени, се гради и пристапна рампа, а веќе се мести мебелот  и белата техника.

– Единствеа цел на овој проект е да се подобрат условите за живот на децата без родителска грижа, истакнаа од Општина Штип.

групен дом

Согласно проектот е предвидено во стотина квадрати да живеаат шест до седум деца на возраст до 18 години. За нив ќе се грижат стручни лица, кои ќе им бидат достапни 24 часа.

Средствата за преадаптација на просторот се обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

 

Извор:МИА