Референдумот е демократско право, но промени во образованието мора да има – вели Царовска – ММС
ММС

Објавено на: 05/26/21 11:24 AM

Референдумот е демократско право, но промени во образованието мора да има – вели Царовска

Барањата главно не се поврзани со дигитализацијата, тие се поврзани со родова рамноправност и подеднакво учество на мажите и жените, нешто за кое државата уставно се обврзала дека ќе го почитува. Ова го изјави денеска министерката, Мила Царовска коментирајќи го собирањето потписи за организирање референдум за најавените образовни реформи.

Според неа, референдумот е демократско право, а како што вели дијалогот е во континуитет отворен со сите засегнати страни. Таа тврди дека голем дел од како што вели, конструктивните предлози веќе се преточени во новото законско решение и уверува дека реформи мора да има.

Припремите за почеток во прво и четврто одделение по нови наставни програми и модернизација на образование се во континуитет и течат.

„Реформите мора да се случуваат , промена во образованието мора да има, ако вака тапкаме во место уште две, пет, седум години… го губиме и можниот потенцијал којшто сега ако започнеме  може да го создадеме  за период од 5, 7 и 15 години кога реално може да очекуваме  учениците сега што влегуваат во основно образование понатаму да излезат како веќе  продуктивни граѓани кои ќе бидат обучени за новото и современо живеење“, додаде денеска Царовска.