Ќерката на Цеца и нејзиното момче платиле цело богатство за дуплекс, а прв сосед им е познатиот актер – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 8:25 PM

Ќерката на Цеца и нејзиното момче платиле цело богатство за дуплекс, а прв сосед им е познатиот актер

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, неодамна купи стан во Дорчол со површина од 200 квадратни метри заедно со своето момче Ѓорѓе Кулиќ, за кој наводно платиле мало богатство!

Иако тамошните медиуми објавија дека Анастасија и Ѓорѓе започнале да живеат заедно во дуплекс вреден половина милион евра, сега е откриено дека тие наводно дале 750.000 евра за стан со пет соби!

Населбата во која го купија имотот се наоѓа во непосредна близина на Калемегдан, а соседите откриле и колку чини квадратен метар во оваа населба и колку платил младиот пар за дуплексот.

“Нашата зграда беше меѓу првите што беа завршени, па затоа се вселивме неодамна. Ја видов Анастасија неколку пати во гаражата, таа беше со возачот, таа е љубезна, секогаш не поздравува. Мислам дека сè уште не е преселена затоа не е често тука. Исто така, гледам дека пристигнува мебел, така да сè уште се во процес на вселување “, рече еден сосед, додека другите станари од зградата открија дека и актерот Милош Биковиќ дошол во овој крај.

“Анастасија, нејзиното момче и Биковиќ ги купија најголемите и најскапите станови во зградата. Станот на Биковиќ е помал, бидејќи Ражнатовиќ и Кулиќ купија два стана од по сто квадратни метри и изградија дуплекс. За тоа платија 750.000 евра. Сепак, актерот има убава тераса, која е голема колку половина стан. Го видовме додека сè уште беше во изградба, а Анастасија доаѓа почесто “.

Станарите откриле и дека цената на метар квадратен се движи од 2.750 до 3.740 евра.

Извор: Мондо.рс