Над 100 дивоградби на Попова Шапка  – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 5:40 PM

Над 100 дивоградби на Попова Шапка 

Новиот закон за дивоградби за кој е неизвесно дали ќе се донесе или ќе претрпи измени го покрена прашањето за бесправно изградените објекти на туристичкиот центар Попова Шапка. Таму според невладините организации има над 100 дивоградби кои го грдат ликот на центарот.

Се работи за дивоградби во викенд населбата на Попова Шапка, дел од нив изградени на државно , а дел на приватно земјиште. Од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка, велат дека за голем дел од бесправно изградените објекти има покренато постапка во јавното обвинителство, но целата процедура тапка во место.

Од Месната заедница Попова Шапка велат дека дивоградбите го грдат ликот на центарот. Мора да се престане со бетонизирање на викенд населбата. Спасот го гледаат само во прогласување на Шар Планина за национален парк.

Од Општина Тетово не одговорија колку дивоградби има во викенд населбата Попова Шапка, само накусо информираа дека се работи на изработка на нов Детален урбанистички план за населбата, кој би го ублажил урбаниот хаос.

Зоран Димовски