фото вест: Мрша на свиња плива по Брегалница – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 3:59 PM

фото вест: Мрша на свиња плива по Брегалница

Фотографија на мрша на свиња со врзани задни нозе како плива по реката Брегалница по течението кај кочанското село Чифлик, е споделена на групата „Кочани за чист воздух, вода и почва. На втората фотографија може да е забележи и рибарска јадица, што потврдува дека веројатно мрѓата е забележана од локалните рибари.

Деновиве реката Брегалница е често присутна низ социјалните мрежи со фотографии како докази за еколошкиот атак по реката. Пред една недела беа споделувани фотографии на побелена вода од каналите на реката, кои се насочени кон оризовите ниви.

фото: ФБ