Возобновена работата на аеродромот во Франкфурт – ММС
ММС

Објавено на: 08/7/18 1:25 PM

Возобновена работата на аеродромот во Франкфурт

Делумната евакуација на аеродромот во Франкфурт заврши и возобновена е неговата нормална работа, соопшти попладнево германската федерална полиција.

– Евакуацијата на терминалот на аеродромот во Франкфурт е завршена. Блокираните делови се отворени и воозбновена е нормалната работа. Им благодариме на сите патници и на аеродромскиот персонал за нивното разбирање и дисциплинираното однесување, се наведува во полициското соопштение.

Аеродром Франкфурт ДПА

Претходно, портпаролот на полицијата Реза Ахмари соопшти дека делови од фарнкфуртскиот аеродром биле евакуирани и било запрено качувањето на патниците во авионите, затоа што најмалку едно неовластено лице влегло во аеродромската безбедносна зона.

Како што јави ДПА, по ова полицијата започна со проверка на сите лица на Терминалот 1 на нивоата 2 и 3 во безбедносната зона.

Во најновото полициско соопштение нема информација дали е пронајдено „неовластеното лице“.

Аеродром Франкфурт ЕПА

Аеродромот во Франкфурт е најпрометен во Германија, со 64,5 милиони патници во 2017 година.

Минатиот месец полицијата го блокираше и евакуираше Терминалот 2 на аеродормотѕ во Минхен, откако 40-годишна жена минала низ зоната за проверка без да помине преку безбедносниот скенер. Поради овој инциент беа откажани речиси 330 летови со над 32.000 патници.

 

Извор:МИА