(Видео) Наум Петрески стана рокер – Пејачот и во пандемија не мирува иако се во светот стои – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 10:39 AM

(Видео) Наум Петрески стана рокер – Пејачот и во пандемија не мирува иако се во светот стои

Фолк грлотот ненапеано Наум Петрески среде пандемија не мирува. Тој сними две нови песни, од кои едната е фолк, додека другата, како што вели тој, е рок балада. Рок баладата се вика  „Гнездо“ за која комплетен автор е Даме Коларовски, за која се снима веќе спот и е вистинска рок балада, нешто што досега Наум не запеал. Втората песна ќе се снима во Белград, Наум веќе задутре заминува за да ја снми. Зад неа се запишани авторите Томислав Кторчевиќ, кој го направи текстот и музиката, додека аранжамот е на Бане Васиќ во Србија, поради што и Наум патува таму. Васиќ е познат како автор на многу песни, мегу кои и големиот хит на Шабан Шаулиќ „Жал“.

-Ме поканија и веќе се работи на проектот „Босански севдах со хармоника“ на Злаја Сјериќ. Јас бев единствениот поканет од Македонија да отпеам севдалинка. Ја отпеав „Врбас вода носила Јаблана“ и презадоволен сум.  Новите песни, пак, ќе бидат наскоро. Прво ќе ја промовирам „Гнездо“ а потоа другата. Додека боснаската севдалинка веќе е пуштена.

(В.М.)