Нови 32,5 милиони евра ќе позајми денеска Министерството за финансии преку записи и обврзници на домашниот пазар.
На страната на ресорното министерство се објавени проспекти на 15 годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 550.000.000 денари, 15 годишни државни обврзници со евро клаузула во износ од 350.000.000 денари, потоа 5 годишни државни обврзници без девизна клаузула од 500.000.000 денари, 3 годишни државни обврзници без девизна клаузула од 180.000.000 денари и 12 месечни државни записи без девизна клаузула во износ од 420.000.000 денари.