Масакр во Перу – Убиени најмалку 14 луѓе, меѓу жртвите и две деца – ММС
ММС

Објавено на: 05/25/21 9:32 AM

Масакр во Перу – Убиени најмалку 14 луѓе, меѓу жртвите и две деца

Милитантите на левичарската група „Блескав пат„ убиле најмалку 14 луѓе, вклучувајќи и две деца во оддалечен регион во Перу кој е познат по производство на кокаин. Тие ги запалиле телата на некии жртви до непрепознатливост, соопшти војската на Перу.

Памфлети на кои се охрабруваат Перуанците да се воздржат од гласање на претседателските избори се пронајдени на местото на масакрот. Војската го нарече ова убиство „чин на геноцид„ и потврди дека „Блескав пат“ порано овие напади ги нарекувале „социјално чистење“.

Во соопштението на перуанските вооружени сили граѓаните на Перу се убедуваат дека ќе имаат „безбеден изборен процес“.

Масакрот се случил во регионот Вале де лос Риос Апуримак каде што се произведува 75 посто од кокаинот во Перу.

„Веројатно ќе има уште мртви“, навел полицискиот командир Сесар Сервантес за радио РПП и додал дека се убиени најмалку 18 лица.

Големиот планински регион во кој се случи настанот е центар на константни операции на војската против остатоците од „Блескав пат“, групата за која се смета дека им ги обезбедува патиштата на криумчарите на дрога.

Маоистичката група бунтовници, која Владата ја сметаше за терористичка, го почна еден од најсмртоносните конфликти внатре во една земја во Латинска Америка во 80-те години на минатиот век и се проценува дека 69.000 луѓе се убиени.

Групата почна да слабее во почетокот на 90-те од минатиот век откако основачот Абимаел Гузман беше уапсен и оттогаш е претворена во криминална банда со нарко-дилери.

Извор: Mondo.rs

Фото: riotimesonline.com