Британската водителка Аманда Холден, која ги соопштуваше гласовите на жирито на Евросонг, успеа за само една минута да крене прашина и да ги налути Англичаните. Тие и се лути за непромисленоста, и дека поради неа сега сите ќе ги мразат.
– Добра вечер. Беше добра вечер на француски и холандски јазик, иако немам поим кој јазик е кој – рече таа за време на вклучувањето.
Се претпоставува дека овој нејзин сарказам е што таа се пошегувала на сметка на стереотипот на Евросонг дека скоро сите пеат на англиски јазик, но за многу нејзини сонародници оваа шега не е смешна.
i can’t believe we let Amanda Holden cause a continent-wide diplomatic incident, this is why we get nil points
— Jonn Elledge Self-Parody Account (@JonnElledge) May 22, 2021
„ Фактот што Аманда Холден изјави пред цела Европа дека не прави разлика помеѓу два европски јазици е полошо од фактот дека добивме нула поени. Изгледавме како стереотипни, арогантни Британци“, „Признанието на Аманда Холден дека не ги разликува јазиците е причината што сите ги мразат Британците“, „ Дното на вечерта не беше нула поени, но кога Аманда Холден совршено демонстрираше зошто Европа не смета за арогантна нација која си дава преголемо значење и зошто никој никогаш не гласа за нас“ се замо дел од коментарите на лутите Британци на Твитер.
U.K. getting No Points was not half as bad as Amanda Holden telling the whole of Europe that she doesn’t know one European language from another
We looked like stereotypical ignorant arrogant Brits
Thank you & Bonne Nuit x— nazir afzal (@nazirafzal) May 22, 2021
Британскиот преставник на годинашниот Избор за песна на Евровизија годинава заврши на последното место, со нула бодови. За него не гласаше ниту жирито од 39 земји, ниту, пак, публиката. Кога се врати во Англија никој не му се налути, ниту, пак, го навредуваше. Тие и понатаму си го нарекуваат нивен амбасадор и го фалат за преубавиот настап.
The lowlight of the evening wasn’t the nul points, but Amanda Holden demonstrating perfectly why Europe thinks we’re an arrogant nation with a grossly overrated sense of our own importance, and why no one will ever vote for us. What a staggering misread of an audience that was.
— Tristan Gemmill (@TristanGemmill) May 22, 2021