Еден од најбогатите луѓе и сопственик на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда на почетокот на месецот, преку изјава на социјалните мрежи, објавија дека се разведуваат по 27 години брак.
После тоа, медиумите започнаа да копаат по приватниот живот на Гејтс, со цел да ја дознаат причината за разводот.
Така стигнаа деталите за наводната поврзаност на Гејтс од пред 20 години со инженер вработен во „Мајкрософт“ до странските медиуми.
По скандалот во кој се најде сопственикот на компанијата Мајкрософт, папараците за прв пат го фатија во јавноста.
Bill Gates spotted out for first time since divorce announcement https://t.co/nWBnL8uH99 pic.twitter.com/IwG5368G1c
— New York Post (@nypost) May 23, 2021
Тој шеташе низ град во сива маица и сини панталони, додека на лицето носеше заштитна маска.Интересно е што Гејтс беше расположен, но фотографите забележаа дека тој сè уште носи бурма.
Да потсетиме, Бил и Мелинда имаат три деца, 21-годишниот Рори Џон, 18-годишната Фиби Адел и 25-годишната Џенифер Кетрин.
Извор:Б92.нет