Бил Гејтс за прв пат во јавноста после објавата за развод – сите гледаат во тоа што го носи на раката – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 7:27 PM

Бил Гејтс за прв пат во јавноста после објавата за развод – сите гледаат во тоа што го носи на раката

Еден од најбогатите луѓе и сопственик на компанијата Мајкрософт, Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда на почетокот на месецот, преку изјава на социјалните мрежи, објавија дека се разведуваат по 27 години брак.

После тоа, медиумите започнаа да копаат по приватниот живот на Гејтс, со цел да ја дознаат причината за разводот.

Така стигнаа деталите за наводната поврзаност на Гејтс од пред 20 години со инженер вработен во „Мајкрософт“ до странските медиуми.

По скандалот во кој се најде сопственикот на компанијата Мајкрософт, папараците за прв пат го фатија во јавноста.

 

Тој шеташе низ град во сива маица и сини панталони, додека на лицето носеше заштитна маска.Интересно е што Гејтс беше расположен, но фотографите забележаа дека тој сè уште носи бурма.

Да потсетиме, Бил и Мелинда имаат три деца, 21-годишниот Рори Џон, 18-годишната Фиби Адел и 25-годишната Џенифер Кетрин.

Извор:Б92.нет