Малта е првата земја во ЕУ која со вакцинирање постигна колективен имунитет – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 5:03 PM

Малта е првата земја во ЕУ која со вакцинирање постигна колективен имунитет

Малта вакцинираше 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза на вакцина против жКовид-19, што ја прави првата земја на Европската унија што постигнала таканаречен колективен имунитет, рече во понеделникот министерот за здравство на Малта, Крис Ферн.

Малиот медитерански остров имаше просечно три нови случаи на вирус на ден минатата недела, со позитивна стапка на тестoви од 0,2 проценти. Два нови случаи беа пријавени во понеделникот.

„Една вакцина се дава на секои пет секунди“, рече Ферн на прес-конференција. „42 проценти од возрасната популација добија две дози“.

Вакцинацијата во моментов е достапна за сите жители на Малта над 16 години, а Ферн рече дека децата над 12 години треба да ја примат вакцината откако европските здравствени власти ќе дадат зелено светло за тоа.

Тој исто така рече дека задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните лица, сè додека вирусот остане на ниско ниво.

Здравствените власти претходно објавија дека носењето маски веќе нема да биде задолжително на плажите од 1 јуни.

Во понеделникот беа укинати ограничувањата за спортски сали и базени, додека работното време на рестораните беше продолжено до полноќ. Претходно, угостителските објекти требаше да бидат затворени до 17 часот.

Извор: Hr.1info.com