Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи.
За време на престојот, генералот Каволи ќе оствари издвоени средби со Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Тема на разговорите ќе бидат меѓусебната соработка и учеството на заедничките активности на Армијата на Република Северна Македонија и командата на силите на САД за Европа и Африка како и за тековната вежба „Одлучен удар 21“, која е дел oд „Defender Europe 21“ организирана и предводена од оваа команда на Вооружените сили на САД.
По завршување на активностите до медиумите ќе бидат проследени соопштенија со видео и фотографски материјал.