На Фондот за деца на Обединетите Нации (УНИЦЕФ) итно му се потребни 164 американски долари за набавка на кислород и материјали за тестирање, медицинска опрема, лична заштитна опрема и материјали за спречување и контрла на инфекција, со цел да помогне во тоа да се спасат што повеќе животи за време на најсмртоноснит бран од ковид-19 ширум Јужна Азија.
Случаите во овој регион каде живеат речиси 2 милијарди луѓе, сочинуваат половина од регистрираните нови случаи на инфекција на глобално ниво. Секоја секунда се регистрираат по повеќе од 3 нови случаи на инфекција. Морталитетот во овој регион нагло расте, а секоја минута како последица на вирусот животот го губат по три лица.
„Обемот и брзината на ширење на вирусот во овој нов бран ја надминуваат способноста на земјите да овозмжат здравствени услуги со кои би се спасиле животите на заразените“, вел Џорџ Лареја Аџеи, директор на регионаната канцеларија на УНИЦЕФ за Јужна Азија.
„Болниците се преоптерени, има недостиг на кислород и други медицински работи. Има реален ризик дека здравствените системи би можеле да се срушат“, предупредува тој.
Се проценува дека во текот на првиот бран од пандемијата 228 илјади деца и 11 илјади мајки ширум Јужна Азија починале откако развиле тешка клиничка слика на вирусот.
„Сега сме соочени со бран кој е четири пати поголем од првиот. Мораме да направиме се’ што е во наша моќ да го спречиме и лечиме вирусот преку одржување клучни здравствени услуги од чие функционирање децата и мајките толку зависат“, додаде директорот.
Во земјите од Јужна Азија со исклучок на Малдиви и Бутан се вакцинирале помалку од 10 проценти од населението.
Барањето за средства вклучува:
- 32 милиони долари за опрема за кислород
- 40 милиони долари за медицинска и дијагностичка опрема
- 60 милиони долари за маски, ракавици, палта, визири и друга лична заштитна опрема потребна за заштита на здравствените работници и работниците од првата линија
- 28 милиони долари за превенција и контрола на инфекции, вклучително средства за дезинфекција, машини за перење и средства за хигиена потребни за безбедно обезбедување на основна здравствена заштита
- 3,7 милиони долари за терапевтски и медицински материјали, вклучително и храна
Клучните здравствени материјали не само што ќе спасат животи, туку исто така ќе помогнат да се изградат посилни здравствени системи низ Јужна Азија. Покрај тоа, резервите исто така ќе се користат за зајакнување на здравствените услуги за жени и деца: подобрувањето на пристапот до кислородна терапија може директно да придонесе за борба против пневмонија кај деца во регионот, а уредите за ПЦР тестирање кои го детектираат вирусот исто така можат да помогнат во откривање на туберкулоза , ХИВ, ХПВ и стрептокока.
„Овој смртоносен бран во Јужна Азија се заканува да ги сврти глобалните позитивни трендови во борбата против пандемијата КОВИД-19 “, рече Лареја Аџеи.
„Бараме помош за да се осигураме дека нема да се повтори“, додаде тој.
Покрај доставувањето на материјали за спасување од вирусот, одговорот на УНИЦЕФ во Јужна Азија исто така вклучува и:
- дистрибуција на информации и ресурси до семејствата за да се спречат инфекциите и да се создаде доверба во вакцините;
- зголемување на пристапот до соодветна вода и канализација;
- финансиска помош за најранливите семејства;
- поддршка на напорите да се осигура дека децата продолжуваат да учат, меѓу другото, преку вклучување на јавниот и приватниот сектор;
- поддршка на менталното здравје и заштита на децата и младите директно погодени од пандемија.
Извор: b92.net