Станојковски доминантен и на сениорскиот ТОП 8 во пинг понг – ММС
ММС

Објавено на: 05/24/21 2:38 PM

Станојковски доминантен и на сениорскиот ТОП 8 во пинг понг

Ден по држувањето на Државното првенство за сениори, поради скратениот календар на
Пингпонгарската федерација се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествуваат најдобрите осум играчи од ранг листата за сениори.

Во конкуренција на сениори, Кристијан Станојковски уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.

На ТОП 8 турнирот еден натпреварувач го откажа своето учество – соопштија денес од Пингпонгарска федерација.

Пласман ТОП 8 Сениори:
1 КРИСТИЈАН СТАНОЈКОВСКИ
2 САШО СМОЛИЌ
3 ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ
4 ЃОКО ЈОЧКОСКИ
5 ДАМЈАН СТОЈЧЕВ
6 ПЕТАР КОСТОВСКИ
7 ХРИСТИЈАН ЈОВАНОВ

Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата, свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место. Победата на ТОП 8 за Младенова значи и пробивање на второто место на ранг листата.

Пласман ТОП 8 Сениорки:
1 БИЛЈАНА МЛАДЕНОВА
2 АМЕЛИЈА УЦЕ
3 АНА СТОЈАНОВСКА
4 ИВА ДИМИТРИЕВСКА
5 ДИЈАНА РИСТОВСКА
6 СОФИЈА ХАСАНУ
7 ВАСЕ БОГОЕВСКА
8 ЕМИЛИЈА МАРКОВСКА