Британскиот премиер, Борис Џонсон и неговата свршеничка, Кери Сајмондс го одредија датумот за венчавката. Тие веќе испратиле покани до роднините и пријателите за настанот закажан за 30.07.2022 година – пренесува Ројтерс, повикувајќи се на таблоидот Сан, кој наведува дека деталите за венчавката и понатаму се „строго чувана тајна“.
Педесет и шестгодишниот Џонсон и триесет и тригодишната Сајмондс ја објавија свршувачката во 2019-та година, но поради пандемијата, датумот за венчавката го одложија. Тие се првиот невенчан пар кој живее во премиерската резиденција на Даунинг стрит 10 каде се вселија во јули пред две години.
Британскиот премиер и неговата свршеница го имаат синот Николас кој е роден на 29-ти април минатата година, а името го доби по еден од лекарите кои ги лечеа Џонсон од ковид-19.
На Џонсон ова ќе му биде трет брак. Од вториот брак тој има четири деца.
Фото: Instagram / borisjohnsonuk