Вчера попладне во Штип, на ул.„Суитлак”, мопед „баотиан” со штипски регистарски ознаки управуван од деветнаесетгодишен штипјанец со иницијали Д.К. изгубил контрола и излетал од коловозот.
На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди – информира денеска МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип, се наведува во полицискиот билтен.


