Oрганизаторите на Евровизија потврдија – Манескин доброволно ќе се тестираат за дрога – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/21 6:12 PM

Oрганизаторите на Евровизија потврдија – Манескин доброволно ќе се тестираат за дрога

По вчерашната победа на Италија и откако низ јавноста се појавија шпекулации дека фронтменот на групата, Дамиано Дејвид, пред камерите конзумирал дрога, организаторите на Евровизија потврдиле дека тој и членовите на бендот доброволно ќе подлежат на тестирање со цел да се дознае вистината, дали конзумирале дрога во текот на финалната вечер.

– Бендот категорично негираше дека користеле дрога и доброволно ќе се тестираат по пристигнувањето во Италија. Тие синоќа побараа да бидат тестирани веднаш, но во тој момент не можевме да го организираме тоа со ЕБУ (Европската радиодифузна унија). Бендот и нивниот тим информираа дека немало никаква дрога со нив во Зелената соба и објаснија дека се работи за скршена чаша која пејачот се обидел да ја исчисти, рекол портпаролот на Евровизија и потенцирал оти ЕБУ може да потврди дека на лице место нашле скршена чаша и оти ќе ги разгледаат различните снимки од настанот и дополнително ќе се произнесат во јавноста.

Инаку за време на прес-конференцијата по победата, новинар го запраша Дамиано дали користи кокаин, поради снимката која се појави на која се чини дека се наведнува и шмрка нешто. Тој беше категоричен дека не користи дрога туку се скршила чаша и замоли да не зборуваат така.

 

извор: еспресо.цо.ук