Девет лица загинаа, а две деца се тешко повредени и се во животна опасност по пад на кабина на жичница која го поврзува италијанското езеро Маџоре со планината Мотароне во Северна Италија.
Портпаролот на алпската служба за спасување, Валтер Милан, изјавил дека се работи за многу сериозен инцидент бидејќи жичницата Стреза-Монтароне паднала од многу голема височина и била речиси згмечена во шумата.
Италијанските медиуми пренесуваат дека жичницата носела 11 лица за време на несреќата, а спасувачите повик за несреќата добиле околу пладне. Двете преживеани деца со хелихоптер се пренесени во торинската болница.
Причината за несреќата се уште не е јавно објавена.
Жичницата Стреза-Мотароне пренесува туристи и локалци од градот Стреза до езерото Маџоре, достигнува речиси 1400 метри надморска височина за 20 минути до врвот на планината Мотароне, а неодамна била повторно отворена со укинувањата на рестриктивните мерки во Италија.
извор: индепендент.ук
фото: принтскрин