Групата „Манескин“ , што ја претставуваше Италија синоќа победи на Евровизија и според правилата веднаш по завршувањето на шоуто одржа прес конференција. Веднаш потоа во евровизиските кругови почна да се шушка дека пејачот Демијан Дејви, пејачот на групата, се дрогирал пред камерите. Дирекно прашење дали користел кокаин нему му постави и шведски новинар.
За да не се шират гласини на својот официјален Инстграм профил од групата дадоа објаснување.
-Навистина сме шокирани што некои луѓе велат дека Дамијан користел дрога. Ние сме против дрога и никогаш не сме користеле кокаин. Подготвени сме да бидеме тестирани затоа што немаме што да криеме. Тука сме да ја претставиме нашата музика и среќни сме што ја однесовме победата на Евровизија. Сакаме да им се заблагодариме на сите што не поддржаа. Рокенролот никогаш нема да умре. Ве сакаме”, се вели во постот.
А еве која снимка го предизвика целиот скандал.
— Дарио🇷🇸🏴☠️ ☦️ (@Darioi00) May 22, 2021
“I don’t of drugs….No cocaine please, don’t say that”.
Italy’s #Eurovision lead singer when asked about the video circulating of him appearing to sniff something off the table on live TV.
— Megha Mohan (@meghamohan) May 22, 2021
Фото: eurovision.tv