Кои се „Манескин“ што ја покорија Европа? – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/21 12:27 AM

Кои се „Манескин“ што ја покорија Европа?

„Манескин“ е италијанска рок-група од Рим, која е составена од пејачот Дамиано Давид, басистот Викторија де Анџелис, гитаристот Томас Раџи и тапанарот Итан Торкио. Тие се поранешни учесници во „Х Фактор“ и се прославија пред четири години. Стасаа до второто место, кое пак им донесе договор со „Сони мјузик“, за кого го издаоа и својот прв албум.

Учеството на Евросонг е благодарение на победата на италијанскиот познат фестивал Сан Ремо, чиј победник од овој фестивал заминува да ја претставува Италија на Евросонг.

За себе велат дека  нивната музика е инспирирана од 70-тите години, чиј звук се обидуваат да го вратат во сегашно време, а тоа го покажуваат и со сценските костими, кои се инспирирани од  „Ролинг Стоунс“ и „Дорси“, Дејвид Боуви и Иги Поп.

Музиката што тие ја застапуваат личи на 70тите, облеката исто така, но и борбата. Нивните идоли на времето ја промовираа сексуалната слобода, додека „Манескин“ се борат за половата еднаквост во форма на носење комбинации на машка облека од член на бендот. Но, надвор од сцената, членовите имаат различен стил на мода и музика . Бендот има и свој фан-клуб, чиј официјален профил на Инстаграм има над 30 000 следбеници.

Фото: eurovision.tv