( Видео) Рокенролот никогаш нема да умре – Италија победи на Евросонг 2021 – ММС
ММС

Објавено на: 05/23/21 12:09 AM

( Видео) Рокенролот никогаш нема да умре – Италија победи на Евросонг 2021

Италиja победи на 65 издание на Изборот за пенса на автовизија, што се одржа во Ротердам, Холандија. Нивниот претставник Måneskin настапи со песната „ Zitti E Buoni“ и со помош на гласовите од публиката успеа да ги надмине фаворитите Малта, Швајцарија и Франција и да избие на првото место.

-Рокенролот никогаш нема да умре, рече пејачот на групата по прогласување на победата, кои со нивната музика не вратија во 70тите.

Овој начин на гласање до последен момент публиката и учесниците ги држи во неизвесностм како и вечерва кога сите мислеа дека Франција или Швајцарија ќе бидат победници.

Со гласовите од жирито на првото место беше Швајцарија со  267 поени, втора беше Франција со 248 поени и трета Малта  со 208. Но, се се смени со гласовите од публиката, па така Италија  победи со вкупно 524 поени, втора беше Франција со 499, додека трета со 432 поени. Она што е најинтересно од голдинашниов Евросонг е што три држави од големата четворка од публиката добија по нула гласови. Англија заврши на последното место со по нула гласови и од жирито и од публиката, Германија заврши со три поени, и тоа од жири, бидејќи од публиката не доби ниеден.  Шпанија само со шест од жири, а од публиката нула. И земјата домаќин од публиката не доби ниеден поен, а заврши само со 11 од жири. Србија, која од екс Ју републиките единствена се пласираше во финале заврши на 15 место со 102 поени.

Македонското жири своите гласови, кои ги соопшти Ване Марковски ги подели на овие земји: 1- Русија, 2- Кипар, 3- Шведска, 4-Исланд, 5- Малта, 6- Швајцарија, 7- Франција, 8- Израел, 10 -Италија и  12 на  Србија.

Заврши годинашнава Евровизија по многу нешта необична, но ЕБУ собра сили и го направи најголемото музичко шоу во Европа. Поради пандемијата годинава некои од учесниците не успејаа да стасат во Холандија, а некои иако дојода немаа можност главните вечери да бидат на сцена. Така победникот Данкан Лоренс, кој ја однесе Евровизија во Холанција на финалето поради позитевен тест, не настапи на сцена, туку се емитуваше негова снимка од пробите. И втората полуфинална вечер и на финалето во хотелска соба поради позитивен тест останаа и претставниците на Исланд.

Оваа година за прв пат се емитуваше со веќе снимени придружни вокали, па пејачите можеа повеќе да се посветат на сценскиот настап. Можеби ова ќе остане традиција, а можеби е направено годинава поради пандемијата.

Евросонг годинава го следеа над 180 милиони гледачи од целиот свет.

Фото:  EBU / THOMAS HANSES