(ФОТО) Пожарникарите во скопска Автокоманда спасуваа повредена жена – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 8:33 PM

(ФОТО) Пожарникарите во скопска Автокоманда спасуваа повредена жена

Скопските пожарникари денес на улица „Ташко Караџа“ во населбата Автокоманда, интервенираа и спасуваа повредена жена.

-Дојава за интервенција техничка на „Ташко Караџа“ во Автокоманда. Падната повредена жена со скршеници, повикано е Брза Помош, објавија од ТППЕ – Скопје, на социјалната мрежа Фејсбук.

Фото:
Facebook / Пожарна Скопје