Повеќе од 5.000 луѓе се евакуирани од своите домови поради поплавата предизвикана од поројните дождови во малезиските држави Сабах и Саравак, известува Агенција Анадолија (АА).
Комитетот за управување со катастрофи на федералната држава Сабах соопшти дека бројот на граѓани евакуирани по дождовите во последните 3 дена се зголеми на 4.772.
Комитетот за управување со катастрофи во федералната држава Саравак објави дека вкупно 326 лица се евакуирани во безбедни области поради поплавите.
Наведувајќи дека дождовите ќе продолжат, официјалните лица соопштија дека и во двете држави ќе се зголеми бројот на безбедни зони.
Поројните дождови на 19 мај предизвикаа поплави во градот Бофорт во државата Сабах.
Дождовите во текот на денот паѓаа на целата територија на државата Сабах и кај нејзиниот сосед, државата Саравак.