Брентфорд е првиот финалист во плеј-офот во Чемпионшип, го чека подобриот од Свонси и Барнсли – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 3:21 PM

Брентфорд е првиот финалист во плеј-офот во Чемпионшип, го чека подобриот од Свонси и Барнсли

Втора шанса за малиот лондонски клуб на „Вембли“. Откако лани во финалето на плеј-офот во Чемпионшип, финале вредно место во Премиер Лигата, „пчелите“ загубија од Фулам и не успеаа во намерата за враќање по долго време во елитата, сезонава Брентфорд има уште една можност.

На југот на Англија минатата седмица, момците на Томас Франк загубија од Борнмут со 1:0, но минималната предност на Борнмут во пресрет на реваншот не значеше многу.

За доскорашните премиерлигаши натпреварот во Лондон започна како од соништата. Уште во петтата минута напаѓачот Арнаут Данџума го пронајде патот кон мрежата на голот на домаќинот и практично го удвои водството заработено од претходниот дуел.

https://www.youtube.com/watch?v=SOsiqK0LcsM

Сепак, плеј-офот во Чемпионшип нема да е толку возбудлив и во центар на вниманието, доколку развојот на настаните е предвидлив и по малку досаден. Веројатно најистакнатиот поединец кај Брентфорд сезонава, Ајван Тони, од белата точка го совлада Беговиќ и ја врати неизвесноста на поранешен „Грифин Парк“.

Круцијалниот момент на натпреварот се случи во 28-та минута, а велшкиот дефанзивец Крис Мепам им пресуди на своите со непромислениот потег по кој мораше прерано да „оди на туширање“. Бројчаната предност на теренот, ланските финалисти ја искористија на најдобар можен начин. Прво во 50-тата минута Витали Јанелт со шут од петнаесеттина метри донесе водство од 2:1, а акцијата во 81-та минута по левата страна на Емилијано Маркондес, фантастично ја проследи финскиот шпиц во редовите на „пчелите“, Маркус Форс, за конечни 3:1 и билет за големото финале на „Вембли“.

Сега Брентфорд ќе го чека вториот патник во плеј-офот во втората по квалитет најдобра англиска лига, помеѓу Свонси и Барнсли. Велшаните од првиот меч носат гостинска предност од 0:1.

Финалето ќе заземе место на истиот ден кога и финалето на Лигата на шампионите, 29-ти мај.

 

 

 

Фото:

Twitter / @BrentfordFC

 

д.ј