Екипата на МТВ, која ќе ги следи и коментира натпреварите на макеоднската фудбалска репрезентација, со целата опрема тргнува од Скопје. Но, не со авион, туку по земски пат треба да стигне во Букурешт, да го рералииира преносот, а од таму да се упати кон Амстердам. При тоа, освен со границите, ќе се соочи со предизвиците на патување во пандемија и правилата на секоја одделна земја.
Нашите новинари се вакцинирани со вакцината Спутник В, што Романија а и дел од европските земји се’ уште не ја признава, бидејќи не е прифатена од Европската агенција за лекови. Значи ќе мора ПЦР тест, не постар од 72 часа а некаде и не постар од 24 часа.
Шеф на проектот, коментаторот Тони Стојановски во емисијата Стадион на Канал 77, зборуваше за сите можни пречки на екипата.
-Многу се специфични времемињата. УЕФА успеа да излобира да се патува со негативен ПЦР тест. За Амстердам треба тест не постар од 24 часа. Ние ќе одиме по земски пат, и тестот ќе истече. Од Букурешт до Амстердам минуваме граници. Фудбалерите ќе одат со авион и ќе бидат пред нас. А замислете само да треба да се патува во Глазгов, како можна комбинација. Но, прво да го сработиме првиот дел до 21 јуни, вели Стојановски, кој е свесен дека е тоа гломазна организација.
Сите натпревари ќе одат во живо и на Првиот и на Третиот канал на јавниот сервис. На Првиот со отворена програма со линкови до Букурешт и Амстердам. Коментаторска екипа ќе биде присутна на стадионите каде игра македонската репрезентација, додека програма во живо се планира и од градовите низ Македонија.