(видео) Како да се дојде до влезници за мечевите на Македонија на ЕУРО 2020? – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 1:37 PM

(видео) Како да се дојде до влезници за мечевите на Македонија на ЕУРО 2020?

Многу ограничен број на влезници се наменети за македонските навивачи за мечевите на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство. На интернет страницата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) може да се аплицира за влезници, потврди Златко Андоновски, портпарол на ФФМ. Иако, како што вели, поради правилата на УЕФА за ограничување на публиката, тој број е многу мал.
-Офицајлно на националната арена во Букурешт до овој момент можат да се пополнат само 33% од трибините. Тоа значи дека билетите ќе се распоредат на четиори страни, на УЕФА, неутрални навивачи и за двете репрезентации. Се работи за исклучително ограничен лимит. Ако ние не можеме да обезбедиме 90% на побарувачката, тоа значи дека ќе има незадоволство.Ни следува 10%, но тоа е реланоста и не можеме да смениме ништо, мораме да го прифатиме тоа и тие билети што ги рапсолагаме да ги поделиме на вистинско место, изјави портпаролот Андоновски во емисијата Стадион на Канал 77.

Сепак, она што успеала ФФМ да го направи е да влијае кај романските здравствени власти да го сменат начинот како македонските граѓани можат да се движат. Наместо по 72 часа престој во Романија да треба да поминат граница и пак да направат ПЦР тест ако сакаат да се вратат, сега тоа е ублажено, но сепак ќе треба да се почитуваат европските правила – негативен тест, примена вакцина признаена од ЕМА (не спаѓаат Спутник и Синофарм) или доказ за антитела.