Медено срце е колач кој многумина ги потсетува на детството. Неговиот опоен мирис и вкус на џем секогаш не враќа во безгрижните времиња. Лесно се подготвува, а состојките секогаш ги имате дома.
Потребни состојки:
100 гр чоколадо
5 јајца
150 гр масло
1 кесичка ванила
200 гр мед
150 гр брашно
50 гр мелени бисквити
180 гр јогурт
2 лажици какао
1 кесичка цимет
1 кесичка прашок за пециво
2-3 лажици рум
200-300 гр мармалад или џем од сливи
20 гр бело чоколадо
За прелив:
200 гр чоколадо
4 лажици масло
Подготовка:
Одвојте ги белките од жолчките. Путерот и ванилата изматете ги пенасто и додадете ги жолчките една по една и продолжете да матите. Полека додадете мед и јогурт и матете додека не добиете густа смеса. Чоколадото стопете го на слаба температура, па додадете го во смесата која претходно ја подготвивте.
Брашното, какаото, бисквитите и зачините измешајте ги, па се заедно додадете во смесата со путерот и жолчките. Измешајте додека се соедини убаво, па додадете рум.
Претходно одвоените белки изматете ги со малку сол, додека не стане цврст шлаг, па додадете ги во смесата.
Тестото ставете го во плех и печете околу 30 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Кога е печено, тестото изладете го и хоризпнтално исечете кори еднакво на два дела. Едната кора премачкатјте ја со џем или мармалад во кои сте додале по желба рум или цимет, а со другата кора преклопете ја првата и сотавете да се излади, прво на собна температура, а потоа колачот ставете го во фрижидер.
Чоколадото и маслото растопете го на пареа и прелијте го колачот. За декорација стопете 20 гр бела чоколада и шарајте со лажица по преливот.
Оставете преливот да се стегне и колачот исечете го на коцки.
Извор: Телеграф.рс


