Сончево и топло, од среда со дожд и грмежи – ММС
ММС

Објавено на: 05/22/21 10:51 AM

Сончево и топло, од среда со дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во следните денови ќе преовладува значително потопловреме. Од среда во попладневните часови ќе се зголемуваат условите за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.